Градоначалникот на Дојран задоволен од туристичката сезона
Градоначалникот на Дојран, Борче Стамов оцени дека годинашната туристичка сезона била една од најуспешните во последните 35 години.
Според него, во Дојран се регистрирани околу 200 илјади ноќевања, а локалната самоуправа била максимално ангажирана да го промовира Дојран како хит туристичка дестинација.
Порастот на гостите, како што истакна Стамов, е тренд во последните три години што се должи на подобрувањето на инфраструктурата и уредувањето на плажите.
- Куриозитет е тоа што по рехабилитацијата на Дојранското езеро, освен во август кога е шпицот на сезоната, скоро иста бројка на гости имавме и во јули со што полека ја остваруваме нашата заложба за продолжување на летната туристичка сезона, рече Стамов.
Тој додаде дека е зголемен бројот не само на македонските, туку и на српските туристи кои на пат за Грција транзитираат низ Дојран каде остануваат најмалку по два дена.
За следната туритичка сезона локалната самоуправа најави дека ќе го реши проблемот со паркирањето со воведување зонско паркирање, ќе се доуредат плажите, ќе се издава под концесија повеќе простор за летни барови, а хортикултурно ќе се уредува и крајбрежјето на Дојран.
Ново на Сител
-
Зеленски: Путин се преправа дека сака мир, со поставување непотребни барања само ја продолжува војната
-
Мајнл-Рајзингер - Муцунски: Австрија стои до Северна Македонија во вонредни ситуации и на патот кон ЕУ
-
Почувствуван земјотрес со епицентар во Струмица
-
Одземени возила што биле користени во „диви“ трки во Скопје
-
МЗ: Ги следиме потребите на населението во Кочани, на терен зајакнати медицински тимови
-
Пронајдени околу 10.000 парчиња пиротехника на Бит Пазар, лишено од слобода едно лице
-
Седум лица повредени во пожарот во Кочани се транспортираат во Шпанија
-
Престрелка во Скопје, едно лице застрелано