Македонија
25. January 2019 - 10:05

Опожарен стан во општина Кисела Вода

 Во општина Кисела Вода синоќа избувнал пожар во стан на улицата „Христо Татарчев“ бр. 62 -3 -1. Станот прво бил ограбен, се било претурено, а потоа запален. Повредени нема.

Како што изјави за МИА командантот на Противпожарната брига на Град Скопје Владимир Симоновски, се работи за пожар од помал обем бидејќи е оштетена само една соба.

– Добивме дојава во 21.35 часот, по што веднаш интервениравме. Три возила го гаснеа пожарот со осум пожарникари. Ако немаше брза интервенција пожарот можеше да биде катастрофален за зградата, рече Симоновски.

Опожарени се 20 метри квадратни, а штетата е околу 200 илјади денари.