ВМРО-ДПМНЕ: Избори мора да има за да се стави крај на црнилата

Македонската држава е урнисана. Oпштеството е поделено како никогаш досега, а македонските граѓани се понижени. Здравството е руинирано, а директна жртва се граѓаните кои неретко цената за неспособноста на власта ја плаќаат и со своите животи. Аерозагадувањето руши рекорди, проблем за кој СДСМ во предизборието вети експресно решение. Образовниот систем е оставен на милост и немилост и нема ниту еден универзитет на Шангајската листа.
Државата ни тоне во корупција, криминалните тендери и грантови станаа валута за исплата на партиските послушници на СДСМ, Македонија е една од најкорумпираните држави во Европа според листата на Транспаренси интернешнл.
Економијата е пред колапс, реализацијата капиталните инвестиции минатата година изнесуваше катастрофални 65 проценти, а растот на економијата мизерни 2 проценти, далеку од ветените 5. Власта секојдневно ги задолжува граѓаните, а ММФ посочува дека јавниот долг ја надминал границата од 50 проценти. Државата е на раб на должничко ропство.
Правната држава е укината, Рускоска обвинителството и Кацарска судството служи за политички прогон на неистомислениците на Заев, но и амнестија за криминалите на власта.
Одговорност за сево ова има криминалната и одродена власт на чело со аболицираниот Зоран Заев. Најголема одговорност за црнилата во Македонија има еден човек, Зоран Заев. Црнилата се во лагите и манипулациите, во сите неостварени ветувања на власта, промената на името, идентитетот, јазикот и историјата. Црнилата се во неуставниот Закон за двојазичност.
На граѓаните им е доста од црнилата на СДСМ, на граѓаните им е доста од транзиционите политичари како аболицираниот Заев. Избори мора да има, избори мора да има веднаш за да се стави крај на црнилата и да дојде зората!
Ново на Сител
-

Путин 4,5 часа одговараше на политички, но и на лични прашања
-

Милановиќ: Хрватска треба да го гледа својот интерес и да не се пука во Коалицијата на подготвените
-

Најмалку тројца загинати при нападот во Тајпеј
-

Сопственикот на TикТок во Кина ја предава мнозинската контрола врз апликацијата на американски инвеститори
-

Првообвинетиот за убиството на турскиот државјанин во Штип призна вина
-

За Бериша Парламентот не постои и најави штрајкови со глад
-

Затаен данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, истрага против две лица
-

Мицоски: Не сум човек што сака цензурирање или закани, за мене Македонија е свето име
