Во Холандија се олеснува процесот за азил на децата на мигрантите

Владејачката коалиција на холандскиот премиер Марк Рут, составена од четири политички партии, синоќа постигна договор за политички чувствителното прашање – дали на стотици млади мигранти треба да им биде дозволено да останат во таа држава.
Холандскиот министер за миграции, Марк Харберс изјави дека според тој договор повторно ќе се разгледаат бројните апликации на деца кои барале азил и биле одбиени.
Како што објавија холандските медиуми, досега се опфатени 700 деца.
Според договорот, службениците за имиграција ќе добијат поголеми овластувања за да го забрзаат процесот за давање азил, а министерот за миграција ќе го изгуби дискрециското право да одобрува дозволи за привремен престој во исклучителни околности.
Холандската политика, позната како „помилување на децата“, воведена во 2013 година, предвидува давање азил за децата кои се во земјата повеќе од пет години, додека нивните барања за азил ќе бидат разгледани доколку тие исполнуваат одредени критериуми.
Сепак, правните застапници за деца велат дека се прифатени многу малку барања.
Ново на Сител
-

Ставен под контрола пожарот кај Чернобил, нема опасност од радијација
-

Сиљановска Давкова: Како Европјани, должни сме да се спротивставиме на секој облик на фашизам
-

Русија и Украина меѓусебно се обвинуваат за кршење на примирјето
-

Ѓорѓиевски: Очекуваме понуда, цена и временски рок за поправка на Жичарата на Водно
-

МВР одзема автобус кој превезувал ученици, неколку пати бил во дефект по пат
-

Фатени двајца малолетници од Скопје кои возеле без возачки
-

Средношколец од Прилеп четири години лажно се претставувал како наставник и имал пристап до е-дневникот
-

Во Италија е регистриран прв случај на зависност од вештачка интелигенција
