Истражување: Без Фејсбук луѓето се посреќни

Секогаш им завидувате на другите, немате никаков општествен живот и не можете да се сконцентрирате?
Сето тоа би можело да биде последица на користењето на Фејсбук, предупредуваат група дански научници, тврдејќи дека лицата кои поминале само една недела без оваа социјална мрежа покажале повисоко ниво на среќа.
- Го избравме Фејсбук, затоа што таа е социјалната мрежа која најмногу ја користат луѓето од сите возрасти, објасни, Меик Викинг, директор на Институтот за истражување на среќата, со чие испитување биле опфатени 1.095 лица.
Доброволците биле поделени во две групи, од кои едната продолжила да го користи Фејсбук редовно, додека припадниците на другата група се воздржале од прикучлување на оваа социјална мрежа во период од седум дена.
По една недела, лицата кои не користеле Фејсбук рекле дека се чувстуваат позадоволни со нивниот живот. Од нив 88 отсто рекле дека се чувствуваат „среќни“, додека истото чувсто го делеле 81 отсто од другата група. Дека уживаат во животот рекле 84 отсто од „апстинентите“, а 75 отсто од „зависниците“ од Фејсбук.
Дека не се задоволни од нивниот живот изјавиле 12 отсто луѓе кои не користеле Фејсбук, а такво мислење имале 20 отсто од оние кои инатаму биле конектирани на социјалните мрежи.
На крајот на експермиентот, „апстинентите“ изјавиле дека имаат побогат социјален живот и помалку проблеми да се сконцентрират, додека од „зависничкиот“ табор рекле дека не забележале такви промени.
- Наместо да размислуваме за она што нам ни е потребно, повеќе се занимаваме со туѓите преокупации, сметаат авторите на студијата.
Корисниците на Фејсбукот имаат 39 отсто повеќе изгледи да се чувствуваат помалку среќни од лицата кои не ја користат оваа социјална мрежа, истакнуваат тие.
Според некои поранешни истражувања, Данците се едни од најсреќните народи на светот.
Ново на Сител
-

Приведен Бака Прасе? Маскирани лица упаднале во неговиот стан и го одвеле
-

Водата во Скопје е безбедна за пиење
-

Акциска контрола за брзо возење - за шест часа констатирани 708 прекршоци
-

Реализирани 750 исплати денеска во „Алта банка“ во Битола, Струмица и Тетово, овозможени и уплати за комуналии и отплата на кредити
-

АХВ и Ветеринарната комора партнерски ќе бараат решенија за предизвиците
-

Американец ја тужи АИ: Чет-ГПТ и помагал на мојата сопруга да испланира како да ме убие
-

Релативно топло со повремен локален дожд до сабота, од недела заладување и стабилизирање на времето
-

Трамп призна дека претерал со депортациите и дека тоа му наштетило на изборите
