СДСМ: Местото во НАТО ја гарантира безбедноста и носи инвестиции, економски раст и повеќе пари кај граѓаните
Со потпишувањето на Протоколот за пристапување на Македонија во НАТО, нашата држава конечно го го добива своето место во најголемиот безбедносен сојуз во светот.
Тоа е остварување на врвните национални и државни интереси. Загарантирана е безбедноста, заштитени се границите.
Но освен безбедносните аспекти, влезот во НАТО позитивно влијае и врз економијата. Тоа е можност за нови инвестиции, нови работни места и зголемена конкурентност на македонската економија.
Напредокот на Македонија во интегративниот процес и успехот на економските политики на Владата предводена од СДСМ веќе даваат резултати.
Последните податоци од Државниот завод за статистика, покажуваат раст извозот во 2018 бележи од 21,8 отсто во однос на 2017 година.
Податоците за трговската размена, покажуваат дека по Германија, Македонија најмногу тргувала со соседна Грција што докажува дека решавањето на 27 годишниот спор позитивно влијае и ја унапредува економската соработка меѓу двете земји.
Растат платите, растат инвестициите и индустриското производство, а невработеноста опаѓа
По влезот во НАТО и придвижувањето на интеграцијата во ЕУ, овие параметри дополнително ќе се интензивираат, што ќе значи силна економија, повеќе пари и повисок животен стандард за граѓаните, стои во соопштението испратено од СДСМ.
Ново на Сител
-
Работниците ширум Европа и Азија бараат поголеми работнички права на првомајските демонстрации
-
Почнува уписот на првачиња за учебната 2024/2025 година
-
Максим дебитираше во ВАКО-ПРО со победа
-
Извонредна организација на АФН-9 ВАКО-ПРО кик бокс настанот во Скопје
-
ДС: Само силен синдикат е гарант за работничките права
-
Притвор од 30 дена за жител на Сопиште, пронајдена дрога во неговиот дом
-
Ковачевски: Нека ни е честит 1 Мај, СДСМ секогаш била на страната на работниците
-
Мицкоски: Работничките права се прекршени, државата не води грижа за тие кои се р`бетот на економијата