Хрватското МНР остро протесираше кај Словенците за оградата на границата

Хрватското Министерство за надворешни и европски работи на вршителот на должноста словенечки амбасадор во Загреб му врачи остар протест заради оградата од бодликава жица што Словенија ја стави на еден дел од хрватска територија со цел да се воведе контрола на мигрантите, јави Хина.
Словенија е повикана во најкус рок да ја отстрани оградата, се наведува во соопштението.
Станува збор за регион што самата словенечка држава, од свои официјални извори, го посочува како територија на Хрватска, се подвлекува во соопштението.
При вчерашното кревање на оградата од бодликава жица на границата со Хрватска словенечките војници навлегоа во хрватска територија во реонот на Сутла и на местото беа испратени сили за брза интервенција на хрватската полиција, информира хрватскиот министер за внатрешни работи, Ранко Остоиќ.
- Ќе ги предупредиме дека навлегле на хрватска територија и ќе им кажеме да ја преместат оградата. Ако не го направат тоа ќе испратиме нота, а потоа физички ќе ја преместиме оградата, изјави синоќа Остоиќ.
По преговорите на високи полициски претставници на двете земји на границата, хрватски сили за брза интервенција беа повлечени.
Хрватските медиуми информираат дека ситуацијата од двете страни на границата била многу тензична, бидејќи и од словенечка страна имало педесетина членови на полициските сили за брза интервенција.
Ново на Сител
-

Трамп: Иран доживува целосен колапс
-

Вчера констатирани 140 прекршоци, осум кривични пријави за возачи на велосипеди, мопеди и мотоцикли
-

Во одредени делови од земјата појава на град, пороен дожд, засилен ветер и грмежи
-

Ангелов: Мирисот на чад во Скопје доаѓа од пожарот на планината Жеден
-

Клековски: Досега потврдени вкупно 44 случаи на западнонилска треска, отпуштени од Клиниката 21 пациент
-

Иран повторно ја предупреди Бугарија
-

Герасимовски: Подготвени сме за 1 септември и за пречек на нашите првачиња
-

Ангелов: Најкомплексен за гасење е пожарот којшто сега гори на планината Китка, во моментов пет активни пожари
