Денеска е петок 13-ти: Најмалерозниот ден на кој поради суеверие се губат милјарди!

Денеска е петок 13-ти, ден кој многумина го сметаат за баксузен, па така обврските ги одложуваат за некој друг ден.
Додека научниците имаат поделени мислења од каде потекнува ова верување, губитоците во светската економија поради изостаноците од работа или недонесување на деловни одлуки на овој ден се мерат со стотици, па и милјарди долари.
Стравот од петок 13-ти е од релативно понов датум. Се смета дека во европската традиција влегол дури во 19. век. Врежано е во сфаќањето дека петокот претставува лош ден зошто симболизира крај на нешто, додека понеделникот е почеток. Од друга страна бројот 13 е баксузен , зошто доаѓа по бројот 12 кој во повеќе традиции е опишан како идеален број.
Исус е распнат во петок
Баксузноста на петок 13 се доведува во врска со темпларите. на тој ден во 1307 година кралот Филип од Франција им забранил на темпларите да делуваат и им го грабнал целиот имот. Многу од нив ги мачел и убивал по обвинение за ерес. Исто така се верува дека Исус е распнат во петок, и дека токму 13-тиот гостина на последната вечера, Јуда го предал Исус. Од овој ден се плашеле и многу јавни личности, меќу кои и американскиот претседател Теодор Рузвелт.
Ново на Сител
-

Велика Британија од денеска ќе бара патни дозволи од 85 земји
-

Франција прогласува 294 општини за подрачја погодени од природна катастрофа
-

Турски воен авион се урна на автопатот Измир-Истанбул, загина пилотот
-

Минусни утрински температури на Попова Шапка, Маврови Анови и Охрид, во Гевгелија 10 степени
-

Global Digital City 2026 во Тетово
-

Без струја делови од Центар, Чаир и Студеничани
-

Министерот Љутков во работна посета на Кичево по изборот за Град на културата 2026
-

Со нови сведочења продолжува судењето за пожарот во „Пулс“
