Бајден до Заев: Успехот на Северна Македонија е успех и за цела Европа, и тоа е добро за сите
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев прими писмо од поранешниот потпретседател на Соединетите Американски Држави, Џо Бајден во кое истакнува дека му претставувало чест што се сретнал со премиерот Заев на Конференцијата за безбедност во Минхен и за разговорот низ кој размениле мислења за актуелните политички прашања.
-Уште еднаш Ви честитам на историскиот договор со Грција во Преспа. Уверен сум дека договорот е сериозен позитивен развој и за европската интеграција и единство. Како што реков на разговорот во Минхен, успехот на Северна Македонија е успех и за цела Европа, и тоа е добро за сите, пишува во писмото поранешниот потпретседател на САД, Бајден.
Како што соопштија од валдината прес-служба, Бајден во псимото пишува и дека со нетрпение го очекува денот кога Република Северна Македонија ќе биде пречекана како полноправна членка на НАТО.
-Вашата визија ги постави темелите на безбедноста и сигурноста и Вашето лидерство како Претседател на Владата од граѓаните на Северна Македонија ќе биде запаметено по историското достигнување, нагласува во своето писмо до премиерот Заев Џо Бајден.
Поранешниот потпретседател на САД Џо Бајден го завршува писмото со увереноста дека пријателството меѓу двата народа во годините пред нас ќе биде сѐ посилно.
-Ве уверувам дека јас лично ќе се застапувам за вашите политики и посветеност за подобра иднина, се вели во писмото на поранешниот потпретседател на САД, Џо Бајден до претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев, стои во соопштението.
Ново на Сител
-
Владата донесе одлука со која цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април
-
Фитнесот почна како мода но полека стана здрава навика | Стефанија Бубало | Јанг стори | Sitel Podcast 032
-
ДИК донесе заклучок за конечност на резултатите од првиот круг на претседателските избори
-
Бискупот Стојанов упати Велигденска честитка до Архиепископот г.г. Стефан и верниците
-
Пронајдено тело на починат маж во Вардар во Велес
-
Благодатниот оган и оваа година од Ерусалим ќе пристигне во Грција
-
Зеленски: Русија во април употреби 300 ракети, 300 дронови и 3.200 касетни бомби во нападите врз Украина
-
ДСЗИ најави забрана на Клиниката за токсикологија за здравствени работници без договори за вработување