-->
-->
Локализиран пожарот кај Дабница, активни уште три
-->
Локализиран е големиот пожар кај прилепското село Дабница каде гореа борова шума, смрека и нискостеблеста шума. Во моментов во Прилепско има неколку активни пожари, информира екипата од противпожарната единица од Прилеп што денеска со часови е на терен околу селото Дабница. Според Горан Чурлиноски, водич на група пожарникари на терен, постоеше опасност за околните објекти.– Пожарот моментално е локализиран. Тука изгоре борова шума. Пожарот беше доста потпомогнат од ветрот, нагло се ширеше. Единствено што успеавме да ги спасиме објектите во околината да не бидат загрозени. Изгореа неколку хектари со борова шума, смрека, трева, изјави Чурлиноски.
Во гаснењето на пожарот учествуваа и екипи од подружницата на „Македонски шуми, ЈП „Црн бор“ од Прилеп и од ЈП „Комуналец“. Пожарот е подметнат, а активни се уште барем три пожари.
-Пожарот е намерно подметнат и редно е службите темелно да испитаат. Ова се повторува од пред минатата година. Има повеќе активни пожари: во околината на селото Зрзе, кај селото Марул, има пожар кај селото Селце, имаше полски пожар кај патот од Лагово накај Галичани каде беа загрозени објекти. Ова е претерано. Забележано е дека на теренов кај селото Дабница е сечен борот, објаснува Чурлиноски на теренот околу прилепското село Дабница.
Раководителот на ЈП „Црн бор“, Влатко Велески вели дека ресурсите им сe ограничени, ветрот претставува проблем, а дел од пожарите се предизвикани од палење стрништа.
– Пожарот околу селото Зрзе е во рамничарскиот дел, очигледно поради палењето на стрништата и сe проширува во повисоките делови, рече Велески.
Противпожарната единица од Прилеп има дотраени теренски возила. Во добра состојба се само двете возила за интервенции во урбаната средина.
– Противпожарната единица е со дотраени возила. На овој терен не можеме да ги користиме новите возила кои се за урбана средина. Теренските возила „лада нива“ се од 1986, од 1990 година. Освен двете урбани возила, сите други се стари и дотраени. Колку што се пали, не можеме да сигнеме да изгаснеме, рече водичот на група, пожарникарот Горан Чурлиноски.
Додека пожарот кај селото Дабница беше ставен под контрола, почна да се извишува чад во блиската месност Зеленик
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Трамп: Проблемот во Франција не се училиштата, туку исламот кој сака да ја преземе власта
-

Неофицијално: Вечерва во Прилеп уапсен виш јавен обвинител
-

Несовесни студенти го поплавиле реновираниот студентски дом „Стив Наумов“
-

Обвинителството побара доживотен затвор за серискиот убиец од Старо Нагоричане
-

21-годишен скoпјaнeц привeден oткако со мотoцикл удрил во пoлициски службeник
-

Груби на 13 октомври излегува од куќен притвор, нуди гаранција од 335.707 евра за укинување на дополнителната мерка на претпазливост
-

Мицкоски: Починати и иселени лица примале државна помош – откриени над 4.500 фиктивни корисници
-

77-гoдишен пeшaк починал откако бил удрен со патничко возило - возачот го напуштил местото
