-->
-->
Бугарски туристи го преплавија Делчево
-->
Гости од Бугарија и денеска го преплавија Делчево, а кафеаните и вечерва ќе бидат полни со припаднички на понежниот пол кои Меѓународниот ден на жената, наместо вчера денеска го одбележуваат во Делчево.
Како што истакна Красимира Волнева од Благоевград, денеска организирано во Делчево пристигнале два автобуси со организирани групи составени исклучиво од жени.
– Убав ви е градот затоа и решивме овде да се провеселиме, да прославиме. Не има од повеќе градови во Бугарија, Благоевград, Перник, Софија и околните места. Убаво е што денес е пазарен ден, па ќе можеме нешто да купиме од кај вас, вели Волнева.
Сопствениците на угостителски објекти дополнително потврдија дека овој викенд имало зголемени барања за резервации со преноќувања.
– Како објект кој нуди можност за преноќевање можеме да кажеме дека овој викенд бројот на гости од Бугарија е зголемен во однос на вообичаените викенди. Нашите капацитети овозможуваат прием на стотина гости и речиси 80 проценти од таа бројка е исполнета, истакнаа од делчевскиот ресторан и хотел „Трла“.
На граничниот премин како што информираат надлежните не се забележани поголеми задржувања, а вообичаената постапка при минување на границата како што дополнуваат не трае повеќе од пет минути.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Вучиќ: Мандатар за состав на нова влада е Ѓуро Мацут
-
Забрана за сообраќај за тешки товарни возила на Струга – Ќафасан
-
Задолжителна употреба на зимска опрема на патот Тетово – Попова Шапка
-
Таравари: Раководство на партијата ќе се обиде да најде заеднички јазик со коалицијата „Вреди“ за локалните избори
-
„Сите имаме повредени или загинати роднини и пријатели, револтирани сме од овој гнил систем“, истакнаа организаторите на протестниот марш во Кочани
-
Царините на Трамп предизвикаа „хаос“, повеќе од 50 земји бараат преговори со Белата куќа
-
Лидерот на најголемата опозициска партија во Турција побара предвремени избори
-
Пронајдено залутано лице кај Мрежичко на Кожуф