Намалени продажните цени на производителите на индустриски производи
Продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, во септември годинава се пониски за 0,6 отсто на месечно ниво, а за 5,1 проценти на годишно ниво.
Според податоците на Државниот завод за статистика, продажните цени во споредба со претходниот месец, се пониски во секторите Рударство и вадење камен за 3,3 отсто и во Преработувачка индустрија за 0,6 отсто, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација се повисоки за 1,5 проценти.
Во споредба, пак, со септември 2014 година, се пониски во секторите Рударство и вадење на камен за 3,8 отсто и Преработувачка индустрија за 5,7 процети, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација се повисоки за 1 отсто.
Продажните цени на производителите на индустриски производи, на странски пазари, во септември годинава се пониски за 2 отсто на месечно ниво, а за 5,9 проценти на годишно ниво.
Во споредба со претходниот месец, продажните цени се пониски во секторите Рударство и вадење камен за 4,7 отсто, и Преработувачка индустрија за 1,7 проценти.
Вооднос на септември 2014 година, продажните цени се пониски во секторите Рударство и вадење камен за 5,3, и Преработувачка индустрија за 6 отсто.
Ново на Сител
-
Се пренасочува сообраќајот на магистрален пат Скопје – ГП Блаце
-
Американците се обложиле во 100 милиони долари на Трамп против Харис
-
СДСМ бара нула данок за основната храна, предлог кој го одбија лани од ВМРО-ДПМНЕ
-
Конференција 75 години НАТО
-
Опозицијата прифаќа да оди на предвремени избори, албанската коалиција на власт смета дека нема потреба од избори
-
Изборен ден во САД
-
Без струја дел од корисниците во општините Карпош, Сопиште, Кисела Вода и Ѓорче Петров
-
Состојба на патиштата