Промоција на книгата „Разговори за нас“ од Катерина Богоева

Книгата „Разговори за нас“ од Катерина Богоева во издание на издавачката куќа „Блесок“ ќе биде промовирана денеска во Скопје.
Книгата содржи избор од триесет интервјуа снимени и објавени во периодот од 2000 до 2017 година во две списанија и во еден дневен весник: „Глобус“, „Премин“ и „Утрински весник“.
Промотори на книгата се Бојан Иванов и Емилија Петреска – Камењарова
Катерина Богоева е родена 1965 година во Скопје. Таа е автор на монографијата „Современи македонски уметници “, коавтор на монографијата „Триесет години Факултет за ликовни уметности“, како и на публикациите: „Крушево – хабитат за човекот“, „Мечката во народното творештво“ и „Голем град“.
Добитничка е на наградата „18 Мај“ – Меѓународен ден на музеите за музејски проект за 2009 година, во категоријата Надворешен музејски соработник на ИКОМ – Меѓународен совет на музеите, Македонски национален комитет.
Ново на Сител
-

Мицкоски на конгрес во Брисел
-

65-годишник приведен за кражба во џамија
-

Кривична за кичевецот кој лажно пријави дека има бомба во РЕК Осломеј за порано да замине од работа
-

Намален прометот во индустријата во јануари
-

Пролетна акција за чистење во Скопје, институциите заедно за почиста и уредена урбана средина
-

Савески изгласан за нов државен јавен обвинител
-

Татко крадел пари од црква додека со него било неговото малолетно дете
-

Валандовец украл автомобил и го управувал без возачка
