Балкан
28. March 2019 - 13:49

Во центарот на Атина се подига споменик на Александар Велики

Во центарот на грчкиот главен град, Атина, се подига споменик на Александар Велики, висок 3,5 метри, според грчкиот весник Катимерини.

Споменикот е дело на еден од најпознатите грчки скулптори, Јанис Папас.

Досега, Александар Велики во Грција имаше споменик само во Солун.