ВМРО-ДПМНЕ: Власта место да работи и прави реформи, тргува со националните и државните интереси
Зоран Заев и Стево Пендаровски се 102.5% исти. Заев призна дека лажел кога ветувал почеток на преговори со ЕУ во јуни. Заев не може да спроведе реформи, ист е и Пендаровски.
Република Македонија не може да се придвижи ни милиметар кон ЕУ, се додека власта наместо да работи и прави реформи, тргува со националните и државните интереси.
Лично Зоран Заев призна дека цела година ги лаже граѓаните. Почеток на преговори со ЕУ во јуни може и да нема. Ова го кажа лично Зоран Заев, политичарот кој ветуваше дека веднаш по промената на името Република Македонија ќе се придвижи на својот пат кон ЕУ.
Правилата на ЕУ се јасни. Првин реформи, па тогаш преговори. ВМРО-ДПМНЕ изразува сериозна загриженост, дека реформи со оваа влас не се можни.
СДСМ го политизираше судството и ја партизираше администрацијата. Економијата тоне, а тоа го потврдија и германските стопанственици. Република Македонија е единствена земја во Европа, каде има политички монтирани случаи.
Република Македонија за жал е далеку од реформи. Напредок со СДСМ не е можен. Напредок со Зоран Заев и Стево Пендаровски е невозможен. Пендаровски исто како и Заев само ќе ја уништува државата.
Република Македонија има потреба од чесен, работен и честит човек за претседател. Гордана Сиљановска Давкова е вистинскиот избор за Република Македонија.
Ново на Сител
-
Без вода делови од Скопје
-
Мексиканскиот суперполицаец осуден на 38 години затвор за примање мито од картелите
-
Надбискупијата на Лос Анџелес треба да им исплати 880 милиони долари на жртвите на сексуално злоставување
-
Стејт департмент: Израел има право да го напаѓа Хезболах во Либан , дури и во цивилни згради
-
Отворање на канцеларија на Комисијата за паричен надоместок на жртви од кривично дело со насилство
-
Нормализиран сообраќајот на автопатот Скопје – Велес кој беше во прекин поради сообраќајка
-
Променливо облачно, до 21 степен
-
Три лица загинаа, петмина повредени во сообраќајката кај Катланово