Судири кај Триполи, најмалку 21 загинат

Најмалку 21 лице загина, а 27 се повредени во судирите во близина на Триполи, соопшти синоќа меѓународно признатата Влада на Либија.
Обединетите Нации претходно ги повикаа двете завојувани страни на двочасовен прекин на огнот за да се евакуираат жртвите и цивилите, но и покрај тоа судирите продолжија.
Силите под команда на Владата во Триполи, која ја признаваат ОН, објавија дека почнуваат операција „Вулкан на гневот“ за одбрана на главниот град. Други детали не се соопштени.
Лидерот на меѓународно непризнаената администрација и Либиската национална армија (ЛНА), Калифа Хафтар соопшти дека во судирите биле убиени 14 војници на ЛНА.
Според очевидци, силите на ЛНА извршиле воздушни напади врз јужниот дел на Триполи и оствариле напредок кон центарот на градот.
Хафтар во четвртокот објави дека почнува офанзива врз Триполи, што доведе до обновување на судирите во Либија.
Западните земји почнаа да го евакуираат својот персонал од Либија.
Ново на Сител
-

680 килограми стебла канабис одземени од нелегална плантажа во струмичко
-

Приведен кумановец, во неговиот дом пронајден пиштол
-

При претрес во Скопје пронајдени дрога и фалсификувани банкноти
-

Засилени контроли - 75 прекршоци за непочитување на правилата за првенство на минување
-

Герасимовски: Финишираме со „Ленинова“, се реконструираат последните 250 метри од сообраќајницата
-

ЕУ во вториот квартал купила исти колични нафта, но ги платила 55,8% поскапо
-

Рози Мицкоска на приемот кај првата дама на САД, Меланија Трамп
-

Командант на НАТО тврди дека Путин станува сè поопасен и посклoн кон ризици околу војната во Украина
