Гевгеличани пијат вода со подобрен квалитет

Од јануари наваму гевгеличани пијат многу поквалитетна вода од регионалниот водовод откако кон него се приклучи новиот водоснабдителен систем што со вода се снабдува од бунарите кај Мрзенска ада, велат од гевгелиското комунално претпријатие.
– Новиот систем е приклучен на регионалната водоводна мрежа долга 150 километри од кои 56 километри изнесуваат доводните и потисните цевководи, 83 километри е долга уличната мрежа и 11 километри се сервисни приклучоци, вели директорот Златко Зумров.
Во поглед на водоснабдувањето кое минатата година се вршеше од старите бунари кај Моин и покрај Вардар, тој посочи дека биле обезбедени и потрошени 3,2 милиони метри кубни вода и дека лани биле извршени вкупно 243 анализи на исправноста и квалитетот на водата за пиење во општина Гевгелија.
Минатата година комуналните работници имале 644 интервенции за санирање на дефекти на водоводните приклучоци и извршиле 127 нови приклучоци на водоводната мрежа, што значи дека во меѓувреме уште толку семејства станале корисници на вода за пиење од новиот водоснабдителен систем.
Ново на Сител
-

Двајца кумановци пронајдени починати во текот на една вечер
-

Млад Турчин уапсен во Охрид, осомничен за посредување во проституција
-

Вучиќ ќе се кандидира за премиер на Србија
-

Мицкоски: Западнонилската треска годинава е натпросечен предизвик низ цела Европа
-

Пехчево: Го затекнала сопругот со 68-годишна жена и ја нападнала, а подоцна тој физички ја нападнал неа
-

Браќа меѓусебно се пријавиле во полиција по физичка пресметка во демиркаписко
-

Жена со тротинет удрила велосипедистка во Скопје и избегала
-

Мост „Генерал Михајло Апостолски“ - се ослободува трасата за конечно ставање во функција, напиша Ѓорѓиевски
