Пожар кај црквата Христос Спасителот во Москва

Пожар избувнал во непосредна близина на црквата Христос Спасителот во центарот на Москва кој брзо бил изгаснат, јавија локалните медиуми.
Претставник на службите за итни случаи соопшти дека се запалиле градежни материјали и оти засега не е позната причината за пожарот, ниту дали има повредени луѓе.
Катедралната црква Христос Спасителот е највисоката православна црква во светот, се наоѓа на брегот на реката Москва и во неа има и црковен музеј.

Кога последниот припадник на војската на Наполеон ја напуштил Москва, царот Александар Први потпишал Манифест на 25 декември 1812 преку кој јасно ја искажал неговата намера за градење на Катедрала во чест на Христос Спасителот која би ја означила нивната благодарност кон Бога за спасувањето на Русија од „непријателот кој ја затемни“ и која истовремено би служела како меморијален споменик на жртвите на рускиот народ.
По Октомвриската Револуција во Русија во 1917 местото на кое се наоѓа катедралата било избрано од страна на Советите како многу погодна локација за изградба на споменик на социјализмот познат како Палата на Советите. Споменикот бил замислен да биде изграден во модернистички стил кој би служел како поддршка на огромната статуа на Владимир Илич Ленин. Поради тоа, на 5 декември 1931 година, по наредба на Сталин катедралата била урната со динамит.
Со крајот на Советското владеење, Руската Православна Црква во февруари 1990 година добила одобрение за повторна изградба на Црквата на Исус Христос Спасителот. Фондот за собирање средства бил отворен во 1992 година. Пониската црква била осветена во 1996 година, додека целата црква била обновена и осветена на 19 август 2000 година.
Ново на Сител
-

Андоновски: Во 2027 година очекуваме камен-темелник за националниот дата центар
-

Муцунски и Ивановиќ: Европската интеграција, реформите и новата авиолинија во фокусот на разговорите
-

Европратениците ги критикуваат новите овластувања на Фронтекс за надзор на социјалните мрежи
-

Мисајловски: Со реформата конечно го решивме прашањето на професионалните војници
-

Шест месеци до година за законско прифаќање на дигиталните лични карти и возачки дозволи, објасни министерот
-

Во Битола над старата касарна откриени и отстранети 1.700 рачни бомби од Првата светска војна
-

Илјадници пациенти плаќале за операции на очи кои веќе ги покрил Фондот: Осум лица приведени
-

„Одек низ времето“ – музичко патување низ епохите на класичната музика
