Коле Ангеловски напиша книга за работниот век во Драмски театар

Актерот, сценарист и режисер Коле Ангеловски објави автобиографска книга за 50-те години кои работно ги поминал во Драмски театар-Скопје.
Насловена е „Педесет години во Драмски…и клоцата во…“, а воедно, како што наведуваат рецензентите Сашо Тасевски и Свето Стаменов, книгата е и искрена приказна за самиот театар, за луѓето во него и со кои работел, за претставите кои ги режирал, за успесите и наградите, но и за разочарувањата што ги доживеал.
-Мојот живот во Драмски, пред сè, беше огромната љубов кон театарот и луѓето во него. Ова е многу субјективна и носталгична приказна за работите што мене ми се случувале и, ако во овие мои писанија некој се почувствува навреден или обесправен, да знае дека не е со зла мисла, а може да е со намера, вели Ангеловски.
Ова е приказна за луѓето во Драмски, додава авторот, за директорите, актерите, техничките директори, сценските работници, инспициентите, електричарите, тонските мајстори, шивачите, шминкерите, реквизитерите, администрацијата, чистачките, портирите…. за ходниците, тајните места во театарот, чигите, рефлекторите, прашината, провевот… за бифето, разговорите, песните, кавгите и тепачките…
– Ова е приказна за претставите, пробите, животот во Театарот, за патувањата, турнеите, гостувањата, фестивалите… Сето ова јас го доживеав, но кој знае, можеби и не било баш така?!, вели Ангеловски.
Книгата содржи и педесетина фотографии од најзначајните претстави што Коле Ангеловски ги режираше на сцената на Драмскиот театар, како и индекс на театарски текстови што ги напишал и на театарски текстови што ги превел.
Ново на Сител
-

Муцунски до Петрова: Потребно е решение за билатералното прашање, македонскиот јазик, идентитет, култура и историја не можат да бидат предмет на разговори
-

Конференција: Жените и понатаму се одговорни за најголемиот дел од неплатените обврски за грижа, што го ограничува нивното учество на пазарот на труд
-

Сали од Брисел: Силна посветеност за унапредување на македонската евроинтеграција и спроведување на клучните реформи
-

Тошковски: Човечкиот живот нема цена – МВР и Фондацијата „Фросина Кулакова“ заеднички ќе работат на поголема безбедност во сообраќајот
-

Идната недела ќе се знае кога ќе биде спроведена тендерската постапка за монтажните гаражи во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“
-

Гаши: Односите со Ватикан се беспрекорни, клучни столбови на кои се темелат се Кирил и Методиј, како и Мајка Тереза
-

Министерство за транспорт: Поништена јавната набавка на електрични автобуси и електрични полначи
-

Ѓорѓиевски најавува трансформација на Скопје, експертите укажуваат - да се реафирмира културата на градот
