ВМРО-ДПМНЕ: Народот покажа дека има достоинство и одби да даде поддршка на СДСМ и Пендаровски
Граѓаните на Република Македонија се спротивставија на Заев и Пендаровски и нивните антидржавни и криминални политики. Народот покажа дека има достоинство и одби да даде поддршка на СДСМ и Пендаровски.
Дебаклот со слабата посетеност на централниот митинг во Скопје е доказ дека граѓаните се против уништувањето и уназадувањето на државата од страна на криминалниот картел на власт.
Ниту со закани, уцени и притисоци власта не успеа да ги натера граѓаните да се качат во автобусите за да присуствуваат на митингот на Пендаровски, човекот кој ги навредуваше нарекувајќи ги „стока“.
Граѓаните порачаа дека се против економија која стагнира, непотизам, против узурпирано здравство, уназадено образование, заробени институции, и против неспособноста на власта да донесе просперитетна иднина.
СДСМ и Пендаровски ја носат државата кон дното, граѓаните живеат во беда и сиромаштија, а Заев со картелот и нивните семејства постојано се богатат.
Државата повеќе не смее да тоне и уназадува. Македонските граѓани заслужуваат правда, квалитетен живот и сигурна иднина за нив и нивните деца.
Со рекордниот број на централниот митинг на ВМРО-ДПМНЕ во Скопје граѓаните испратија порака дека на Република Македонија потребни и се промени веднаш.
Граѓаните порачаа дека следен претседател ќе биде професорката Гордана Сиљановска Давкова, а на државата и се неопходни предвремени парламентарни избори за оваа ненародна власт конечно да си замине. Граѓаните се за правда за Македонија. Татковината повикува.
Ново на Сител
-
Македонските кикбоксери се враќаат со 5 европски злата, 2 сребра и 10 бронзи
-
Наполи нема победа четири натпревари по ред, Интер нов лидер во Серија А
-
Доминација на Норвешка на машкиот биатлон на последниот ден од СП
-
Фридрих Мерц триумфира на германските избори, подготвен за формирање влада
-
„Да се обединиме за победа“ – масовен протест за Украина во Париз
-
АфД по историскиот резултат: Подготвени сме да коалицираме за формирање влада
-
Излезни анкети: Конзервативците победници на германските избори – Мерц на пат да стане канцелар
-
Вонреден инспекциски надзор на реонот Смилковско Езеро и во Општина Сарај