-->
-->
Индонезискиот претседател одлучи Џакарта да не биде веќе главен град
-->

Претседателот на Индонезија, Џоко Видодо, одлучи да го премести главниот град на таа најголема економија во Југоисточна Азија од пренаселениот остров Јава. Тоа го изјави денеска министерот за просторно планирање.
– Претседателот одлучи да го премести главниот град надвор од Јава, и тоа е многу важна одлука, изјави министерот Бамбанг Бродјонегоро на прес-конференцијата по седницата на владата.
Тој додаде рече дека владата допрва треба да избере нова локација.
Според него, преместувањето на престолнината Џакарта каде живеат 10 милиони луѓе, на северниот брег на Јава, може да потрае до десет години, наведувајќи примери од Бразил, Малезија и Казахстан.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Мицкоски: Нема мигранти, но ќе има брза пруга, се потврди дека СДСМ кажува невистини
-

Мицкоски: Реконструкција на Владата по роденденот на партијата на 17 јуни
-

СП 2026: Стартни победи на Австралија и Шкотска, по бод за Бразил и Мароко
-

„Центарска симфонија“ синоќа во организација на Општина Центар
-

Пронајдена дрога при претрес во Гостивар
-

НБА: Прва титула за Њујорк по пауза од 53 години
-

ИДФ повикаа на евакуација на 29 села и градови во јужен Либан, пред нападите врз Хезболах
-

Мицкоски: Еврокомесарката Кос ќе престојува во земјава во рамките на редовната обиколка на регионот
