Заврши гласањето на болни и немоќни лица во Штип

Заврши гласањето на болните и немоќни лица во Штип, каде што со право на глас се вкупно 93 лица. Претседателката на ОИК-Штип, Сенка Андреева вели дека гласањето поминало без проблеми, а во споредба со првиот круг избирачките одбори денеска имаат дополнителни 33 болни и немоќни лица.
Станка Дамјанска, која има 91 година, веќе шест години го остварува своето право на глас во домашни услови и вели дека е добро што на немоќните лица им е овозможено да гласаат во своите домови.
– Мирни да бидат изборите, како и претходно, а нека победи најдобриот кандидат, вели Дамјанска.
Изабела Јованова претседател на Избирачкиот одбор 22 93 информира дека денеска членовите на овој одбор посетиле шест болни и немоќни лица, а во првиот круг имале само тројца.
– Избирачкото место 22 93 за гласање ќе биде отворено утре во 7 часот, очекуваме мирен ден, а најголемата излезност вообичаено е по 12 часот, вели Јованова.
Во Затвор-Штип денеска избирачкото место е отворено од 07 часот, каде што право на глас имаат 198 осуденици. До 13 часот гласале 88 лица или 44 отсто од вкупниот број на избирачи. Влатко Конев заменик претседател на избирачкиот одбор во Затвор-Штип информира дека гласањето се одвива без проблеми, а гласачкото место е отворено до 19 часот. Во првиот круг своето право на глас го оставриле 82 отсто од избирачите.
Ново на Сител
-

МВР: Приведени три лица, расчистено пукањето од 8 август во тетовскиот регион
-

„Вашингтон пост“: Трамп тајно ја напуштил Турција со трет авион поради иранска закана
-

Поранешниот сириски претседател Башар ал Асад во отсуство осуден на смртна казна
-

Град во Италија воведе казни до 500 евра за сопствениците на кучиња кои нема да ја исчистат нивната урина
-

Во четврток и петок пониски температури и нестабилно, со пороен дожд и грмежи
-

Бесплатни ранци и училиштен прибор за сите првачиња во Кисела Вода
-

Дронови над главниот град на Русија и откажани летови, се огласи градоначалникот на Москва
-

Продолжуваат спасувачките акции по земјотресот во Колумбија, досегашниот биланс најмалку 164 загинати
