Од експлозија на мина во Летонија загина припадничка на албанската армија

Припадничка на албанска армија утрово го загуби животот во Летонија, како последица на здобиените повреди од експлозија на мина, додека двајца нејзини колеги се тешко повредени.
– Од експлозијата тешко е повредена а потоа им подлегна на повредите каплар Зарифе Хасанај (27), а повредени се командантот на албанскиот контингент, мајор Клодиан Тануши и Јулиан Капај, наредник. Албанските војници се дел од групата за демонтирање на мини во Летонија, во рамки на мисијата на НАТО во оваа земја, началникот на Генералштабот на албанската армија Бардул Колчаку.
Според него, повредените Тануши и Капај, се под максимален лекарски надѕор во базата во Летонија.

Албанскиот премиер Еди Рама изрази длабоко сочувство до семејството на Хасанај, а на повредените им поска брзо закрепнување.
– Длабока болка и огромна почит за припадничката на албанските вооружени сили, Зафире Хасанај, која загина на должност за време на мисијата на НАТО во Летонија, каде што беа повредени двајца други воени старешни. Длабоко и искрено сочувство до семејството, пријателите и колегите на Зафире. Споменот за неа ќе остане засекогаш, напиша Рама.
Во ова мисија во Летонија албанските војници се две години.
Ново на Сител
-

Обрадовиќ повеќе не е тренер на КК Црвена Звезда
-

Трамп го уверил Нетанјаху дека секој конечен договор со Иран ќе го вклучи и иранското нуклеарно досие
-

Уапсен тетовец кај Фонтана во Градски парк, физички нападнал полицаец
-

Мицкоски: Народ кој не ја познава својата писменост лесно станува туѓ во сопствената историја
-

18-годишник со автомобил излетал од патот и тешко се повредил
-

Во летниковец на Средно Водно пронајдено безживотно тело на 64-годишен маж
-

Константин Филозоф – св. Кирил: 42 години живот и дело што се памети 12 века
-

Уапсен водич во автобус од Косово, пробал да подмити полицајци со 50 евра
