-->
-->
Бошњаковски заминува на функцијата генерален секретар во Кабинетот на претседателот Пендаровски
-->
Миле Бошњаковски денеска на прес-конференција во Владата соопшти дека ова е негов последeн прес во својство на владин портпарол и дека заминува во Кабинетот на претседателот на државата Стево Пендаровски каде ќе ја извршува функцијата генерален секретар.
-Ми беше чест две години да соработувам со сите вас новинари, сниматели и фоторепортери. Се надевам дека соработката ќе продолжи во наредниот период во една друга форма. Простете доколку имало некоја грешка оти таа грешка доколку постоела немало никакви интенции за тоа односно пристапот беше кон сите ист, рече Бошњаковски заблагодарувајќи се на довербата на премиерот и на колегите од тимот со кој, како што рече, досега направиле над 100 прес-конференции
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Агенцијата на ОН за помош на Палестинците УНРВА одби да се евакуира од Рафа
-
Тешко повреден 74 годишен велосипедист во сообраќајна несреќа во Охрид
-
Значаен пад на цените на нафтата минатата недела
-
Триесет и три години од загинувањето на Сашко Гешовски од Кавадарци, прва жртва при распадот на Југославија
-
Утре посебен режим на сообраќај во Скопје поради Денот на полицијата
-
Еден потешко повреден во експлозија во зграда во Турција
-
Галески: Сигурно е само дека Македонија ќе биде повторно твоја
-
Скопјанец и двајца штипјани нападнати во угостителски објект во Кавадарци