-->
-->
Почина архитектот кој ја дизајнираше пирамидата пред Лувр
-->
Јо Минг Пеј, американскиот архитект со кинеско потекло, кој, меѓу другото, ја проектираше стаклената пирамида пред музејот Лувр во Париз, почина на возраст од 102 години.Проектите на Пеј се познати по акцент врз прецизната геометрија, рамни површини и природно светло, пренесува Би-Би-СИ.
Јо Минг Пеј, син на истакнат кинески банкар, ја напуштил татковината во 1935 година и се преселил во САД, каде студирал архитектура на МИТ и Харвард, а во 1955 година во Њујорк основал своја фирма.
Обновата на музејот Лувр, чии делови датираат од 12 век, се покажа како негов најконтроверзен проект, а за таа работа го ангажира францускиот претседател Франсоа Митеран.

Пеј на влезот во познатиот музеј проектираше стаклена пирамида со три помали пирамиди во близина, што претставува впечатлив контраст на постоечките објекти на Лувр во класичен француски стил.
Тоа предизвика негодување кај многу Французи, а некои медиуми таквото решение го опишаа и како „додаток на Дизниленд“, а и самиот Пеј призна дека Лувр бил несомнено негова најтешка работа во кариерата.
Пеј во 1983 година ја освои меѓународната награда за архитектура Прикер, а освоените 100.000 долари ги искористи за создавање програми за кинески архитекти кои сакаат да студираат во САД.

-->
-->
-->
Ново на Сител
-

ЦУК: Регистрирани 26 пожари на отворен простор, пет се активни, шест се под контрола, а 15 се изгаснати
-

Горивата со нов скок - дизелот поскап за 6, бензините за 3 ден/л
-

Во КПУ Идризово пронајден починат 60-годишен затвореник
-

Кавадарчанец со 2,97 промили алкохол во крвта бил агресивен кон сопругата и малолетната ќерка
-

Артан Груби не се чувствува виновен за случајот со „Државна лотарија“
-

19-годишна девојка загина кај Свети Николе откако со возилото излета од патот
-

Дизелот повторно над 100 денари од полноќ, поскапуваат и бензините
-

Македонскиот фолклор триумфираше во Бразил: „Студио Фолклор“ прво кај публиката, трето кај жирито
