Папата Франциско во Романија: Треба да си помагаме меѓусебно

Папата Франциско денеска се сретна со романскиот патријарх Даниел и со членовите на Синодот на Романската православна црква во патријаршијата во Букурешт.
Папата предупреди дека глобализацијата придонесува за искоренување на човечките вредности и порача дека луѓето не смеат да се препуштат на културата на омраза и индивидуализам, пренесува агенцјата Агерпрес.
– Треба да си помагаме меѓусебно да не се препуштиме на заводливоста на културата на омраза и индивидуализам, што не е толку идеолошка како што беше во времето на прогонувањето на атеистите, но е поубедлива и помалку материјалистичка, рече Папата.
Тој потсети дека пред 20 години и папата Јован Павле Втори ја посети Романија и додаде дека сеќавањето на заедничките чекори охрабрува на патот кон иднината.
– Треба заедно да го слушаме Господ, особено во овие времиња кога светските патишта доведоа до брзи општествени и културни промени, рече папата Франциско.
Ново на Сител
-

Ристовски: Прославата на спортските успеси треба да биде убав гест, а не навреда
-

Уапсен 16-годишник кој крадел во џамии во Тетово
-

Американец заразен со ебола евакуиран на лекување во Европа
-

Силекс и Шкендија ќе играат за трофејот во Купот на Македонија
-

Најмалку десет загинати во израелски напад врз јужниот дел на Либан
-

Паднаа цените на нафтата
-

Седница на Уставниот суд со седум иницијативи на дневен ред
-

Во ЕУ постигнат прелиминарен договор по однос трговските односи со САД
