Се запали автобус полн со ученици во штипско, еве ги деталите
Изгоре автобус на регионалниот пат Штип-Неготино, на клучката кон штипското село Пиперово, кој превезувал ученици на екскурзија. Повредени патници нема.
Портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова информира дека настанот е пријавен во 10.10 часот од страна на Територијалната Противпожарна единица-Штип, којашто веднаш излегла на местото на настанот.
Според информациите од директорот на ООУ „Гоце Делчев“, Трајче Димов утринава околу 40 ученици од трето одделение заминале на настава во природа во штипското село Пиперово. Наставниците и возачот на автобусот забележале дека автобусот чади, со што веднаш учениците излегле од автобусот и заминале кон селото, а возачот веднаш ја повикал противпожарната единица.
Димов вели дека децата не присуствувале на моментот кога автобусот се запалил и изгорел.
Портпаролот на СВР-Штип, Панајотова рече дека во тек е истрагата, а основен јавен обвинител врши увид на местото на настанот, по што ќе имаат подетални информации за причината за пожарот.
Ново на Сител
-

Полска бара Мета да биде казнета со 250 милиони евра поради лажни огласи
-

Сахарска прашина над Македонија и пеколни температури за продолжениот викенд
-

Гутереш: ОН мобилизира резерви и персонал за да им помогне на погодените од поплавите во Непал
-

Над 25 милиони Американци помлади од 35 години живеат со своите родители – највисока бројка досега
-

Комисијата за избор на судија во ЕСЧП: Нема да ги коментираме ставовите на кандидатите
-

Грчкиот противвоздушен систем „Патриот“ успешно соборил непријателски беспилотни летала во Саудиска Арабија
-

Во Белгија едно од 20 деца го повторува првото одделение
-

Реките во БиХ се на работ на пресушување поради високите температури
