Честитка од Пендаровски по повод празникот Рамазан Бајрам
Претседателот Стево Пендаровски, по повод големиот муслимански празник Рамазан Бајрам, упати честитка до граѓаните со исламска вероисповед и до поглаварот на Исламската верска заедница Реис–ул–улема Хаџи Сулејман ефенди Реџепи.
–Во овие празнични денови на слога, заедништво и почит, сите заедно треба да продолжиме кон градење на соживот за сите граѓани и да изградиме едно општество за сите, пример за идните наши генерации. Со овој голем празник се означува крајот на едномесечниот пост во кој секој верник искрено го отвора срцето за верата и љубовта, наведува Пендаровски во честитката.
Светиот месец Рамазан, посочува, е месец на дарување, помагање и заедништво и ова ја зајакнува вербата во доброто, правдата и меѓусебното разбирање и почитување. Посакувам овие вредности да бидат наше секојдневие и сите да имаме спокоен и среќен живот, не само во празничниве денови, туку низ целата година.
– Би сакал на овој голем празник да го истакнам придонесот на ИВЗ и нашите сограѓани од исламска вероисповед во градењето на мир и соживот во мултиетничка и мултирелигиозна Република Северна Македонија. Нашата заедничка цел е просперитетна и европска татковина. Уште еднаш, Ви упатувам најискрени желби за љубов, среќа и благосостојба, наведува Пендаровски упатувајќи честитки до поглаварот на ИВЗ, членовите на Ријасетот, муфтиите, имамите и на сите граѓани од исламска вероисповед во државава.
Ново на Сител
-
Средба Муцунски – Герапетритис утре во Њујорк
-
Опожарени два автомобила во Скопје, еден оштетен од огнено оружје
-
Без струја утре дел од општина Кисела Вода
-
Од 6 до 18 часот утре посебен сообраќаен режим во Битола
-
Пожар во угостителски објект во центарот на Охрид
-
Муцунски на 79-та сесија на Генералното собрание на ОН
-
Пожар во фурна во неготинско Криволак
-
Приведени двајца крадци во Гостивар