Заев со дијаспората во Брисел: Се што правиме е за сегашните и идните генерации

Премиерот Зоран Заев, на покана на шефицата на Мисијата на Република Северна Македонија при ЕУ во Брисел, амбасадорката Агнеза Руси, беше гостин на средбата со претставници на дијаспората на нашата земја во Белгија, кои се главно ангажирани како професионалци во европските институциите во Брисел, или се вклучени во бизнис средината на оваа земја.
-Ние сме проевропска Влада, и сите политички процеси што ги отпочнавме, реформите дома и договорите со нашите соседи, пред сѐ со Република Бугарија и со Република Грција се крунисани со најдобар извештај за напредокот на нашата земја во европските интеграции. Вие, како Европејци кои својот професионален живот го поминувате тука, најдобро знаете какви се придобивките од членството во ЕУ. Сето ова се прави за сегашните и за идните генерации, а резултатите што ги остваруваме од економските мерки покажуваат дека сме на вистинскиот пат. Да ја обезбедиме сигурната европска иднина на нашата земја, и да обезбедиме сигурна и просперитетна држава, со доволно причини да ги задржиме младите и да вратиме дел од оние што си заминаа, истакна премиерот Заев на средбата со претставниците на нашата дијаспора во Брисел.
Премиерот, како што соопшти владината прес-служба се заблагодари на поддршката што доаѓа од професионалците од Северна Македонија кои работат и живеат во Белгија и во институциите на ЕУ и ги запозна со најновите активности од процесот за европската интеграција на нашата земја, како и за пораките што Владата на РСМ ги прими од челниците на Европската комисија.
Тој на средбата го пренесе оптимизмот што непосредно пред средбата со претставниците на дијаспората, преовладуваше од неговите средби со претседателот на Европската Комисија Жан-Клод Јункер, со високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини и со еврокомесарот за проширување и соседска политика Јоханес Хан, и изрази надеж дека овој оптимизам ќе се преточи во одлука за старт на преговорите по поглавја за Северна Македонија.
Ново на Сител
-

Американските авиони поради кои Техеран и се закани на Софија ја напуштија Бугарија
-

Путин: Глорификацијата на нацизмот и неонацистичката идеологија е во темелите на модерната украинска државност
-

Истрели од огнено оружје во Арачиново, повредени две лица
-

Поставена и осветена биста на Кирил Пејчиновиќ во дворот на црквата Свети Димитриј во Теарце
-

Се доизгаснува големиот пожар кај Струмица
-

Приведен 30 годишен кумановец, допирал 18 годишна девојка по телото, по што побегнал со мотоцикл
-

Општина Центар и овој викенд на терен, се расчистуваат диви депонии
-

ЦУК: Ангажирани се сите ресурси за ставање под контрола на пожарот кај Палиград и Китка
