-->
-->
Се сослушуваат сведоци за „Монструм“
-->

Во Кривичниот суд во Скопје денеска со сослушување сведоци продолжи судењето за петкратното убиство кај Смилковско Езеро на 12 април 2012 година „Монструм” на СЈО.
Првиот сведок, кој во 2012 година имал сервис каде што бил растурен за делови мерцедесот од кој биле регистарските таблички на опел омегата со која се возеле сторителите на делото, беше испрашуван од судијата Огнен Ставрев, СЈО и одбраната.
На прашање кога забележал дека ја нема регистарската табличка, сведокот рече дека не забележал и објасни дека возилото го купил за делови, но не го префрлил од првиот сопственик, од кого дознал дека ја нема табличката, кога му се јавил по телефон и му рекол дека дошла полиција и го бара возилото.
Сведокот кажа дека мерцедесот со шлеп служба го пренел на фарма на патот за Арачиново каде имал околу 20 растурени возила за резервни делови, а по затворањето на сервисот сите возила ги однел на отпад.
Втор сведочеше, сопственикот на мерцедесот кој рече дека во 2004 година го продал возилото регистрирано со регистарски ознаки СК 499 МТ.
Прашан кога дознал, рече дека полицијата дошла кај него дома додека тој бил на пат и објаснил по телефон дека колата му ја продал на сопственикот на сервис на пластичарска во Скопје.
Трет беше сослушан сведок, кој во тоа време бил вработен во Македонски Телеком, и изготвил табеларен приказ на сообраќајот од базните станици околу Смилковското Езеро.
Сведокот рече дека тој само изработува, односно генерира извештаи и не е техничко лице, а доколку имаат потреба од детали за функционирањето на базните станици треба да поднесат барање до Македонски Телеком од каде ќе им биде посочено лице кое може да даде таков одговор.
За петкратното убиство кај Смилковско Езеро на 12 април 2012 година, кога беа убиени момчињата Кире Тричковски, Филип Славковски, Цветанчо Ацковски, Александар Наќевски и рибарот Борче Стефановски, на доживотен затвор беа осудени Алил Демири, Африм и Агим Исмаиловиќ, Езим и Хаки Азири и Сами Љута.
Врховниот суд во декември 2017 година ги укина пресудите, ги ослободи од притвор осудените Агим Исмаиловиќ, Хаќи Азири, Сами Љута и Фејзи Азири, и им определи мерки на претпазливост. По укинувањето на пресудите, случајот „Монструм“ го презеде СЈО и предметот беше вратен на повторно судење.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Трамп ги нарече сојузниците „кукавици“: НАТО е „тигар од хартија“ без САД
-

Уапсени девет возачи за безобѕирно управување возило, шест од нив возеле без дозвола, меѓу кои и еден малолетник
-

Вучиќ: Србија не е опасност за регионот
-

ПМФЛ: Работнички го совлада Силекс, Тиквеш убедлив против Брера
-

ОЈО ГОКК бара притвор за директорот на Државниот инспекторат за земјоделство за примање поткуп од 50 000 евра
-

Почина легендарниот Чак Норис
-

Саудиски министер за надворешни работи: Го задржуваме правото да преземеме воена акција против Иран
-

Аксиос: САД размислуваат за заземање на иранскиот остров Харг за да го принудат Техеран повторно да ја отвори Ормуската Теснина
