Полицијата ги сопрела Али и Ангела неколку часа по убиството на Пино: Познато е што правеле таа вечер
Патрола на сообраќајната полиција ги сопрела Ангела Ѓорѓиевска и Али Фуркан неколку часа откако го убиле Пинета Секондо, додека со автомобилот „опел аскона“ на Фуркан се возеле од Ѓоре Петров кон Скопје, дознава „Код“.
Полицајците не ни претпоставиле што се случило претходно, па по легитимирањето ги пуштиле.
Како што дознава „Код“ од извори на истрагата, на убијците им помогнал пријател на Фуркан, кој им донел облека за да се пресоблечат, но наводно не знаел дека двајцата извршиле убиство. Тие наводно со автомобилот на Пино, „шкода фабија“ заминале кон Сингелиќ каде го убиле момчето, а потоа се вратиле во Ѓорче Петров, каде наводно Али ја оставил својата кола „Опел аскона“.
Тие со пријателот се сретнале во Топанско Поле, каде се пресоблеке и заминале во Ѓорче, па кога возеле кон Центар ги сопрела полиција. Двајцата наводно биле и во кафуле пред да се вратат во Сингелиќ каде се префрлиле во „шкодата“ и заминале на Башинец каде го закопале.
Според она што досега е познато, вечерта на 10 декември 2018 година Ангела го повикала Пино да се најдат кај насипот во Ѓорче Петров, иако знаела дека ќе им се придружи и Али со намера да го убијат. Кога пристигнал Аи со пушка се заканил кон жртвата, по што сите тројца се упатиле со автомобил кон Арачиново. Откако пристигнале осомничените започнале вербална расправија со жртвата, по што првоосомничениот го застрелал оштетениот и го лишил од живот.
ИЗВОР: 24Инфо.мк
Ново на Сител
-

Кина воведе санкции против американски поединци и одбранбени компании поради продажба на оружје на Тајван
-

Герасимовски: Новитет „центарска картичка“, зголемена поддршка за пензионерите и семејствата, мерки за подобар стандард за 2026
-

Петрова: Упатени околу 10 000 покани до граѓани кои треба да го пријават доходот остварен во странство
-

Заклучно со 30 ноември годинава во државниот буџет од даноци и придонеси собрани 3,97 милијарди евра
-

ФЗО и УЈП со контроли кај матични гинеколози, кај 26 од 49 немало никакви неправилности
-

Хренин: Западот се подготвува за воена акција, ова не е блеф
-

Предлог законот за ратификација на Договорот за изградба на железничкиот тунел меѓу Бугарија и Северна Македонија го помина комисискиот филтер
-

Белгија се откажува од проектот „и-полиција“ поради неисполнети очекувања
