ВМРО-ДПМНЕ: Заев без консултации со опозицијата насилно турка попис на матични броеви

Зоран Заев продолжува со целосно редефинирање на Македонија. Република Македонија е се помалку препознатлива за граѓаните кои целиот живот го поминале во неа. Откако ја избриша македонската историја, се откажа од македонското име и јазик, сега исплаќа нови концесии кон своите доверители. Во текот на вчерашниот ден започна таканаречениот пробен попис, попис на матични броеви, попис каков што нема никаде во демократска Европа.
Заев без консултации со опозицијата насилно турка попис на матични броеви, спротивно на препораките на Еуростат, попис кој нема да ја прикаже реалната бројка на население кое живее во нашата држава.
Аболицираниот Заев и неговата криминална банда мора да разберат дека пописот е статистичка, а не политичка операција, операција преку која ќе манипулираат со бројката на жители во државата. Задкулисните игри и договори се недозволиви кога станува збор за националните и државните интереси.
Недозволиво е да се пазари со една ваква клучна операција како пописот од која зависат идните политики на државата. Доколку Зоран Заев навреме не се откаже од ваквата монструозна идеја многу е веројатно дека пописот ќе ја оживее судбината на неуспешниот референдум за промена на името. Заев мора да разбере дека има поважни и по суштински работи од власта, парите и моќта. Тој мора еднаш засекогаш да сфати дека функциите се минливи, а држава треба да ја оставиме и на идните генерации. Овој процес мора да запре, препораките на Еуростат и европските стандарди мора да се применат и на пописот во Македонија.
Ново на Сител
-

Андоновски: Во 2027 година очекуваме камен-темелник за националниот дата центар
-

Муцунски и Ивановиќ: Европската интеграција, реформите и новата авиолинија во фокусот на разговорите
-

Европратениците ги критикуваат новите овластувања на Фронтекс за надзор на социјалните мрежи
-

Мисајловски: Со реформата конечно го решивме прашањето на професионалните војници
-

Шест месеци до година за законско прифаќање на дигиталните лични карти и возачки дозволи, објасни министерот
-

Во Битола над старата касарна откриени и отстранети 1.700 рачни бомби од Првата светска војна
-

Илјадници пациенти плаќале за операции на очи кои веќе ги покрил Фондот: Осум лица приведени
-

„Одек низ времето“ – музичко патување низ епохите на класичната музика
