СДСМ: Цената на струјата останува иста, заштеди за домаќинствата и компаниите
Се потврди, цената на струјата останува иста, домаќинствата и компаниите имаат можност дазаштедат
Се потврдија најавите на надлежните институции и Владата дека со либерализацијата цената на струјата нема да поскапи како што лажно обвинуваше ВМРО-ДПМНЕ.
Цената на струјата останува иста, домаќинствата и компаниите имаат можности да заштедат.
Со враќањето на евтината тарифа на струја околу 11 милиони евра се враќаат назад кај граѓаните, со тоа што плаќаат помали сметки само со оваа мерка.
Со либерализацијата на струјата, бенефит ќе имаат 20-30% од компаниите, коишто досега мораа да купуваат струја од околу 140 евра, а сега по околу 80 евра за мегават час.
Граѓаните многу добро можат да направат разлика меѓу расипничкото владеење на ВМРО-ДПМНЕ кога струјата поскапе за 100 отсто, и домаќинските и одговорни мерки на СДСМ со кои парите се враќаат назад кај граѓаните.
Владата предводена од СДСМ останува посветена на креирање и спроведување мерки кои значат подобар живот за сите и повеќе пари директно кај граѓаните.
Зборот важи!
Ново на Сител
-
Работниците ширум Европа и Азија бараат поголеми работнички права на првомајските демонстрации
-
Почнува уписот на првачиња за учебната 2024/2025 година
-
Максим дебитираше во ВАКО-ПРО со победа
-
Извонредна организација на АФН-9 ВАКО-ПРО кик бокс настанот во Скопје
-
ДС: Само силен синдикат е гарант за работничките права
-
Притвор од 30 дена за жител на Сопиште, пронајдена дрога во неговиот дом
-
Ковачевски: Нека ни е честит 1 Мај, СДСМ секогаш била на страната на работниците
-
Мицкоски: Работничките права се прекршени, државата не води грижа за тие кои се р`бетот на економијата