-->
-->
Федерер преку Надал до финалето со Ѓоковиќ
-->
Заврши и вториот полуфинале дуел на отвореното првенство на Англија, Вимблдон, меѓу тениските великани Роџер Федерер и Рафаел Надал, на кое славеше Швајцарецот.
Федерер го порази Надал со 3: 1 во сетови, или 7:6, 1:6, 6:3 и 6:4, во гемови, со што му се отвора можност повторно да се бори за трофејот.
Овој меч беше 40-ти меѓусебен дуел на најголемите тениски ривали, а со победата која му припадна на Швајцарецот, Федерер успеа да ја ублажи разликата во меѓусебни дуели против Шпанецот, кој сега е 24 : 16 во полза на Надал.
Инаку, на финалето на Вимблдон кое ќе се игра во недела се очекува уште поспектакуларен дуел во кој противник на Федерер ќе му биде првиот рекет на светот Новак Ѓоковиќ.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Се запали казино во Охрид | ВИДЕО
-
Мицкоски: Скандалозно е вицепремиер да бара од компании да гласаат за СДСМ бидејќи добиле државна помош
-
Кошаркарот од Ѓорче кој ветува промени | Владо Мисајловски | Неформално | Sitel Podcast 033
-
Се дистрибуира доверливиот избирачки материјал од битолската печатница до општинските изборни комисии
-
Ограбена спортска обложувалница на Бит Пазар
-
Повеќе од 30 украински медиумски работници се наоѓаат во руско заробеништво
-
Приведени две лица во Куманово - еден за употреба, друг за продавање дрога
-
Сопружници завршиле во притвор поради меѓусебна пресметка