Општина Струмица и полицијата ќе работат заедно на зголемување на безбедноста
Општината и СВР Струмица ќе работат заедно на зголемување на безбедноста и на мирот на граѓаните, е заклучокот од заедничката средба на градоначалникот Коста Јаневски и началникот на СВР Струмица, Танчо Пројковски.
Според градоначалникот Јаневски средбата е одржана по пријави од граѓани кои се пожалиле на безбедноста во сообраќајот, недозволеното паркирање, движење на нерегистрирани возила и запрежни возила, продажба на места на кои не е дозволено и од буката од одредени угостителски објекти.
-Заклучивме дека со координирана акција на сите субјекти можеме да придонесеме за безбедноста и мирот на граѓаните. Најважен чинител во ова наша заложба се граѓаните, кои се загрижени за доброто на општинатa и да дадат поддршка на овие акции за да можеме полесно да ги надминеме проблемите кои се јавуваат, рече градоначалникот на Струмица, Коста Јаневски.
Од полицијата инфомираат дека заеднички се разгледани одредени состојби во градот во делот на сообраќајот и во делот на бучавата.
-Ние како полиција детектиравме повеќе улици во градот каде се врши непрописно паркирање и со тоа се попречува нормалното одвивање на сообраќајот како на возилата така и на пешаците. Преземаме мерки за бучавата која ја предизвикуваат угостителски објекти со пуштање гласна музика и при тоа се констатирани повеќе прекршоци, како и присуство на малолетници и точење алкохол на нив, рече Томе Весев, началник на полиција при СВР Струмица.
Ново на Сител
-
Македонските кикбоксери се враќаат со 5 европски злата, 2 сребра и 10 бронзи
-
Наполи нема победа четири натпревари по ред, Интер нов лидер во Серија А
-
Доминација на Норвешка на машкиот биатлон на последниот ден од СП
-
Фридрих Мерц триумфира на германските избори, подготвен за формирање влада
-
„Да се обединиме за победа“ – масовен протест за Украина во Париз
-
АфД по историскиот резултат: Подготвени сме да коалицираме за формирање влада
-
Излезни анкети: Конзервативците победници на германските избори – Мерц на пат да стане канцелар
-
Вонреден инспекциски надзор на реонот Смилковско Езеро и во Општина Сарај