Положено цвеќе на гробот на Никола Карев
По повод 116 годишнината од Илинденското востание и Крушевската Република изутринава бројни делегации положија цвеќе и се поклонија пред гробот на претседателот на Крушевската Република Никола Карев во Македониумот на Гумење во Крушево.
Цвеќе положија делегација од Кабинетот на претседателот на Република Северна Македонија, делегација од Собраниетом од Владата предводена од премиерот Зоран Заев, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, министерот за транспорт и врски Горан Сугарески и делегација од Општина Крушево предводена од градоначалникот, делегација од Сојузот на борците на Македонија…
Почит беше оддаден и пред споменикот на загинатите Илинденци кај месноста Слива над Крушево.
Во моментов се одржува панихида за загинатите Илинденци во црквата Свети Никола во центарот на Крушево, по што почнуваат чествувањата на Мечкин Камен каде ќе се обрати премиерот Зоран Заев.
Бројни граѓани организирано и поединечно од изутрината се упатуваат на Мечкин Камен да бидат дел од чествувањата на Илинден.
Ново на Сител
-
Филипче официјално избран за претседател на СДСМ на внатрепартиски избори
-
Вучиќ: Мандатар за состав на нова влада е Ѓуро Мацут
-
Забрана за сообраќај за тешки товарни возила на Струга – Ќафасан
-
Задолжителна употреба на зимска опрема на патот Тетово – Попова Шапка
-
Таравари: Раководство на партијата ќе се обиде да најде заеднички јазик со коалицијата „Вреди“ за локалните избори
-
„Сите имаме повредени или загинати роднини и пријатели, револтирани сме од овој гнил систем“, истакнаа организаторите на протестниот марш во Кочани
-
Царините на Трамп предизвикаа „хаос“, повеќе од 50 земји бараат преговори со Белата куќа
-
Лидерот на најголемата опозициска партија во Турција побара предвремени избори