Бундес лига: Победи на Борусија и Баер

Борусија Дортмунд ја покажа класата уште во првото коло во новата сезона во Бундеслигата. „Милионерите“ го искористија вчерашниот кикс на шампионот Баерн Минхен (Баварците одиграа само 2-2 дома со Херта) за да покажат дека и сезонава се сериозен кандидат за титулата во Германија.
Аугсбург уште во првата минута ја „начна“ Борусија, стрелец Нидерлехер, но тоа беше се што направија гостите на овој дуел. Потоа дури петпати се тресеше нивната мрежа. Веќе во третата минута беше 1-1, се погрижи Алкасер.
Останатите голови беа дело на Санчо, Ројс и повторно Алкасер, а точка на мечот стави Бранд во 82 минута за конечни 5-1.
Баер Леверкузен во ефикасен натпревар успеа „да го најде“ лекот за победа против Падерборн, триумф од 3-2.
Македонскиот фудбалер, Дарко Чурлинов попладнево го имаше своето деби во Бундеслигата, по 4 години еден Македонец се појави во најсилната германска лига. Чурлинов влезе во игра на мечот за неговиот Келн на гостувањето кај Волфсбург. Сепак Келн загуби со 2-1
Фрајбург дома беше супериорен против Мајнц, 3-0, а Вердер во Бремен беше изненаден од Дуизбург, доживеа пораз од 1-3.
Ново на Сител
-

Полициска акција во Кочани и Виница: 59 санкции, три лица приведени
-

Црна Гора воведува два дена платено менструално отсуство месечно
-

Мицкоски: Лоша вест за опозицијата, а среќна за граѓаните е дека нема да банкротираме и покрај тоа што ни оставија уништена држава
-

Два умерени земјотреса регистрирани во северозападна Кина
-

Трамп: Ако не успее договорот, Иран повторно ќе биде бомбардиран
-

Повторно пукано врз Конзулатот на САД во Торонто
-

На ГП „Богородица“ се чека околу 15 минути
-

Денес сончево со локална облачност
