Албанскиот брод „Орику“ спаси 36 илегални мигранти во Егејско Море
Бродот „Орику“ на албанската воена морнарица, при патролирање во водите на Егејско Море, спаси 36 илегални мигранти кои се наоѓале во моторен чамец, јави дописничката на МИА од Тирана.
Веста на Фејсбук ја објави министерката за одбрана Олта Џачка.
– Спасени се 36 државјани на Авганистан, од нив 19 деца, осум жени и девет мажи. Во соработка со Фронтекс предадени се на локалните власти. Горда на нашата морнарица, напиша Џачка.
Албанија е членка на НАТО од 2009 година и е дел од поморската алијанса на западните земји во Егејското Море.
Во рамки на оваа хумана мисија, чија цел е спасување мигранти кои илегално се обидуваат да се префрлат преку Егејското Море, во неговите води пловат и албанските бродови „Бутринти“ и „Лисус“, чии екипажи во повеќе акции имаат спасено околу 300 имигранти.
Ново на Сител
-
Нејмар: Светското првенство во 2026 година ќе биде мое последно
-
Наскоро ќе потпишам нов договор со Барселона, потврди Јамал
-
Баерн прави последен обид да го задржи Алфонсо Дејвис
-
Поскапуваат Дизелот и Бензинот
-
Двајца загинати, повеќемина повредени во пожарите во Лос Анџелес, прогласена вонредна состојба
-
34-годишна жена нападната и ограбена кај Бит Пазар
-
Маск му одговори на Трудо со „девојко“
-
Почина кучето Феликс кое беше претепано крвнички во Момин Поток