ВМРО-ДПМНЕ: Власта наместо да се бори против криминалот, го штити
Второ сведочење во кое што Зоран Заев е директно споменат како глава на политичко-обвинителско-
Втор пат јасно се гледа поврзаноста на Зоран Заев со Боки 13 и нивната координираност во собирањето рекет.
Втор пат по ред се потврдува дека Зоран Заев бил во тек со се.
Улогата на Заев во криминалот станува јасна за целата јавност, освен за Вилма Русковска која се очекува пак да негира дека бил споменат и да ги прикрива теагите што водат кон него.
Зоран Заев од ден во ден се повеќе тоне. Во Република Македонија единствено блескаат криминалот, рекетот и изневерените очекувања.
Власта наместо да се бори против криминалот, го штити. 4 месеци се развлекува истрагата за случајот Рекет. ЈО ги затвори само директните извршители, а за главата на октоподот се уште нема ни истрага.
Додека криминалот царува. Граѓаните гладуваат.
Земјоделците плачат и немаат каде да го продадат произведеното. Нема ниту откуп, ниту субвенции.
Бизнисмените се рекетирани.
Работниците се измачувани.
Нема развој. Имаме само стагнација. За 7 месеци од годината немаме ниту 1/4 од годишно планираните капитални инвестиции реализирано. Нема нови проекти. Нема напредок.
Буквално целата држава е по јаремот на власта. Времето на оваа власт проаѓа. Одговорност за недомаќинското работење и стагнацијата ќе има. Предвремени избори веднаш.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Дарко Каевски тврди дека не е виновен
-
Турција ја одобри екстрадицијата на Љупчо Палевски-Палчо
-
Мицкоски: Очекувам ДУИ да оди во опозиција, немаме ни елементарна доверба за соработка со нив
-
Ново бебе алпака во скопската Зоолошка градина
-
Вучиќ: Една третина од новата српска влада ќе биде составена од нови луѓе
-
Осигурителните компании не ја почитуваат препораката на Финансии, полисите и денеска по повисоки цени
-
Следува период на променливо време со повремени локални врнежи од дожд
-
РКЕ: Само 2,75 отсто од струјата е од увоз, на праг сме до енергетски независна држава