-->
-->
Ураганот Доријан зајакна, ветерот дува 260 километри на час – милион жители подготвуваат засолништа
-->
Ураганот Доријан прерасна во категорија пет, што значи дека може да предизвика катастрофални разорувања.Националниот центар за урагани во Мајами соопшти денеска дека максималната јачина на ветерот достигнала брзина од 260 километри на час и дека се движи на запад со брзина од 13 километри на час.
Центарот наведува дека разорна силина на ураганот се очекува на Островите Абакос рано во неделата по локално време, а дека подоцна во текот на денот таквите временски прилики ќе се прошират преку Големиот бахамски остров.
Премиерот на Бахатамите, Хуберт Минис рекол на прес-конференцијата дека 73.000 луѓе се загрозени од бурата и ги предупредил жителите на помалите острови да се евакуираат, јавува Ројтерс.
Хотелите се затворени, а многу жители побарале засолниште во црквите, училиштата и другите објекти во исчекување на ударот на ураганот во текот на денот.
Доријан во моментов е оддалечен околу 450 километри источно од Вест Палм Бич на Флорида, јавува АП.
Градоначалникот на Мајами, Франсис Суарес прогласил вонредна состојба во саботата попладнето поради евентуални закани од ураганот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

АНБ разоткри терористичка мрежа: Се подготвувал атентат во Грција по инструкции од Иран
-

Костадиновски: Почитувањето на Уставот е чин на највисок патриотизам и љубов кон татковината
-

МВР: Од 15 ноември до 15 март задолжително е поседувањето на зимска опрема во возилата
-

Се урна српски воен авион МиГ-29, загина пилотот | ВИДЕО
-

Предложен притвор за семејно насилство во Битола
-

Најстудено утрово во Берово, најтопло во Охрид и Велес
-

Корабоски доби 30-дневен притвор по проширување на обвинението
-

Николоски од Виена: ЕУ да изнајде решенија за проблемот со превозниците и со извозот на зелената енергија од регионот
