На Кежаровски нема да му се суди за „Ликвидација“ поради застареност на делото

На новинарот Томислав Кежаровски нема да му се суди за случајот „Ликвидација“, поради застарување на кривичното дело.
Судењето запира и за поранешниот истражен судија Валентин Зафиров, за адвокатот Сашко Лазаров и за Јане Павловски – Тица.
Јавниот обвинител на денешното рочиште побара од судот да констатира дека кривичните дела кои ги сториле треба да се прогласат за застарени дела.
Случајот „Ликвидација“ се однесува за предметот кој е поврзан со убиството на Лазар Милошевски од 2005 година во велешко Ореше, во кој вкупно осум лица беа осудени за различни кривични дела.
Во 2013 година обвинетиот Валентин Зафиров доби казна од пет и пол години за неовластено оддавање информации и податоци за сведоците и противправно посредување, а новинарот Томислав Кежаровски – четири и пол години затвор, бидејќи според пресудата тој во 2008 година во два последователни броеви на ревијата „Репортер 92“ го оддал идентитетот на заштитениот сведок во овој судски предмет.
Ново на Сител
-

Лишен од слобода гостиварец баран со потерница за казна затвор во траење од осум години
-

Просечната нето-плата во февруари 46.159 денари
-

Најдолгото гостување во Македонија: Кратери осум часа патуваа за Силекс
-

Охрид и Силекс ремизираа во првото полуфинале од Купот
-

Без вода утре делови од Центар и Чаир
-

Уапсен скопјанец, во возилото му се пронајдени скоро 30 грама кокаин
-

Мицкоски од Виена: Определбата на Владата е јасна, градиме економија што создава, а не само троши
-

Потврдите од платените казни од системот „Безбеден град“ граѓаните нема потреба да ги носат во полициска станица
