Димче Арсовски: Истрагата за случајот РЕКЕТ е компромитирана и девалвирана

Истрагата за случајот РЕКЕТ е компромитирана и девалвирана.
Распитот на инволвираните во целиот случај РЕКЕТ доцни повеќе од четири месеци. Вилма Русковска ја компромитираше целата истрага со развлекувањето на целиот случај.
Така развлекувајќи ја истрагата Русковска ги штити вистинските нарачатели на милионскиот РЕКЕТ, сите знаат дека Боки 13 не рекетирал сам. Водејќи ја истрагата надвор од принципите на правото, наместо да ги спречи нарачателите да влијаат врз сведоците, истите за кои има индиции дека се нарачатели и посредници цели четири месеци имаа простор да прават што сакаат со доказите и сведоците и да влијаат буквално врз кого сакаат.
Кирацовски и самиот призна дека бил посредник на средбите на Боки 13 со градоначалници и бизнисмени со сите оние кои биле предмет на рекетирање.
Четири месеци на обвинителството им требаше за да смислат лага дека Кирацовски само еднаш се сликал со Боки 13 како главно оградување од неговото учество во рекетирањето, а всушност целата јавност виде на слика дека Кирацовски имал и повеќечасовни лични дружби со Боки 13 каде штосвират и пеат во дует во скопски кафеани. Сепак тоа личи на луѓе кои не се гледаат прв пат и кои имаат што да прослават заеднички.
Главното прашање е следново: За што и кај кого се му посредувал Кирацовски на Боки 13? Ако знаеме дека посредувал кај бизнисмен и градоначалник од редовите на СДСМ, што му посредувал и што се им кажал за да ја договори целата средба?
Колку пари има изрекетирано Бојан 13 од посредништвото кое што му го обезбедил Кирацовски? Дали дел од стекнатата корист на Боки 13 завршила и кај Кирацовски?
Кога обвинителството ќе даде одговор на сите овие прашања?
Дали Кирацовски беше сменет од функцијата втор човек на СДСМ заедно со Фросина Ременски заради инволвираноста нивна во случајот РЕКЕТ? Одговор на овие прашања мора да има, иако јавноста веќе е свесна и ги знае одговорите. Покрај одговори мора да има и делување и акција од страна на обвинителството.
Пред нос ни се случува најголемата рекетарска афера во Република Македонија, а обвинителството на Љубомир Јовевски и Вилма Русковска ја развлекуваат целата истрага и се обидуваат да ја забошотат.
Одговорност за сите криминалци мора да има и тоа мора да има многу брзо.
Потребни се предвремени парламентарни избори, а веднаш потоа откако СДСМ ќе падне од власт ќе почне Обнова на Македонија.
Ново на Сител
-

ЦУК: До 18:00 часот 13 пожари на отворен простор од кои два се активни 11 изгаснати
-

Мицкоски: По не знам колку време имаме повеќе барања за поврат на македонското државјанство отколку барања за отпис од државјанство
-

Седум лица уапсени од вкупно 11 пријави за семејно насилство во последното деноноќие
-

СП 2026: Американски министер: Мило ми е што Иран е елиминиран и неговите фудбалери нема да се вратат во нашата земја
-

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ ги доби здравство и социјална политика, демографија и млади, Вреди - култура, односи меѓу заедниците и правда, ЗНАМ - земјоделство
-

Ангелов: Воспоставена делумна контрола на пожарите кај Велес и Дојран
-

Полјански: Европа би можела да биде вовлечена во конфликт со Русија дури и пред 2030 година
-

УГД - Штип по приведувањето на професорката за мито: Сите што имаат сознанија за незаконски дејства да пријават
