-->
-->
Квантитет, а не квалитет - Хороскопски знаци кои не можат да се задоволат со еден партнер
-->

Некои хороскопски знаци сакаат дополнително да го зачинат животот – посебно во спалната соба. Кога станува збор за нивните партнери, тие квалитетот го бараат во квантитетот. Тоа не ги прави прељубници, туку големи љубители на сексот.
Близнаците, кои се познати по својата дволичност, сакаат да имаат повеќе опции – со се во нивниот живот. Тие сакаат да знаат за се по нешто, а ако треба да растурат некоја врска за да го прошират нивното сексуално знаење тие тоа и ќе го направат. Што е најлошо, никогаш нема да се задоволат и постојано бараат нова забава и начини да ги задоволат своите партнери.
Кога станува збор за Стрелецот, треба да се напомене дека нивното либидо никогаш не е задоволено. Тој е најдивиот знак во Зодијакот и секогаш сака да е слободен, се да проба и секогаш ги гони сопствените страсти, без разлика на тоа колку тие се достапни или не. Поради ова стрелецот сака да има избор од неколку луѓе што може да ги повика во секое доба.
Рибите живеат за малите авантури, а сексот може да биде една од нив. Повеќе од тоа рибите се склони да живеат во светот на фантазијата, па често знаат да бакнат премногу жаби пред да го најдат принцот. Од тие причини промискуитетот повеќе говори за нивниот непоправлив оптимизам за вистинска љубов, отколку за желбата за секс.
Оваа листа би била некомплетна без Скорпијата, хороскопскиот знак што претставува секс. Занимливо е дека скорпијата може да оди од крајност во крајност – или ќе има премногу партнери или ќе бидат премногу обземени со себе си. Без оглед на тоа, сексот е голем дел од нивната личност што мошне ги интригира и поради што се во портрага по нови сексуални искуства коишто, од друга страна, за нив претставуваат спорт.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Двајца кумановци пронајдени починати во текот на една вечер
-

Млад Турчин уапсен во Охрид, осомничен за посредување во проституција
-

Вучиќ ќе се кандидира за премиер на Србија
-

Мицкоски: Западнонилската треска годинава е натпросечен предизвик низ цела Европа
-

Пехчево: Го затекнала сопругот со 68-годишна жена и ја нападнала, а подоцна тој физички ја нападнал неа
-

Браќа меѓусебно се пријавиле во полиција по физичка пресметка во демиркаписко
-

Жена со тротинет удрила велосипедистка во Скопје и избегала
-

Мост „Генерал Михајло Апостолски“ - се ослободува трасата за конечно ставање во функција, напиша Ѓорѓиевски
