Време е за промена: Напушти ги секојдневните навики и почни нов живот
Компанијата dm drogerie markt со својот слоган „Тука сум човек тука купувам“ покажува дека се фокусира на луѓето и на нивни потреби, a во последниот месец на европско ниво почна нова кампања која има за цел и дополнително да ги мотивира потрошувачите.
Менаџерскиот тим вели: „Оваа кампања е многу повеќе од само реклама. Сакаме да бидеме мотиватори и да дадеме импулс за промена со кој ќе го поттикнеме личниот развој на секој човек“
Пред сè, акцентот е ставен на фактот дека само оние кои се подготвени да се променат, можат да го искористат целиот свој потенцијал.
Но, и на суштинската порака: ПРОМЕНАТА ЗАПОЧНУВА ВО МЕНЕ!
Во филмовите најчесто сретнуваме луѓе кои прво се борат со себеси пред да бидат подготвени да го направат првиот чекор и да дозволат реална промена.
Каква улога имаат промените во животот на човекот? Каде почнува промената? Што нѐ спречува да го направиме првиот чекор?
- Само оние кои имаат храброст да тргнат по нови патишта можат да откријат нови перспективи. Само со оттргнување од познатото, можеме да откриеме нови можности кои често ги пропуштаме во секојдневниот живот. Покрај тоа, со напуштање на старите навики и на размислување ја поттикнуваме креативноста и инспирираме нови идеи – велат од компанија dm за идејата зад новата кампања.
Но сепак, и покрај многуте причини за промена, таа најчесто и предизвикува страв. Влезот во непознатото и отфрлањето на старите навики значи и напуштање на комфор зоната.
Само оние кои ќе ги победат сопствените внатрешни стравови воедно создаваат простор за напредок, за нова и поинаква иднина во која ќе живеат така како што сакаат. Токму денес е најдоброто време за промена, бидејќи секоја промена почнува само со еден, прв чекор.
Целта на кампањата е да ги мотивира и охрабри сите луѓе кога е во прашање прифаќањето на промените.
Новата кампања се спроведува во 12 земји во централна и источна Европа.
Песната која е користена е „It´s a new day“ во изведба на Anouk.
Ново на Сител
-
САД: Земјите кои не возвратија на царините ќе бидат наградени
-
Трамп ги зголемува царините за Кина на 125 отсто, но најавува 90-дневна пауза за останатите земји
-
Дортмунд подготвува нов договор за Ковач
-
Ердоган ја обвини главната опозициска партија за „фашизам“
-
Вучиќ за утврдување одговорност за посетата на повредените од Кочани: Никој не ме пушти, сам си влегов, и што сега?
-
Директори злоупотребиле службена положба и ги оштетиле буџетите на две беровски училишта за вкупно 1.171.000 денари
-
Трендафилов: Владата не е против зголемување на минималната плата, туку останатите два синдиката
-
Изградбата на втората фаза во Затвор Идризово се очекува да започне до крајот на годинава, најави Пандов