Македонија
24. September 2019 - 20:16

Нападнат вработен во ЈП „Национални шуми“

Вчера околу 16.45 часот во Полициската станица Гостивар биле лишени од слобода Е.Х.(21) од с.Лакавица и М.Х.(51) поради физички напад врз И.К.(42) од с.Здуње, гостиварско, вработен во Ј.П.„Национални шуми - Гостивар“.

Според пријавеното, И.К., вршејќи контрола на атарот на с.Лакавица, забележал патничко моторно возило „форд транзит“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од Е.Х., а натоварено со огревни дрва без документи.

Набрзо на местото дошол и М.Х. и по кратка вербална расправија, тој физички го нападнал И.К.

Дрвата се одземени и предадени на Шумска полиција.

По целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.