УНИЦЕФ: Нигериската војска ослободи 25 деца

Нигериската војска денеска ослободи 25 деца откако утврди дека немаат врска со исламистичките групи на североисток од земјата, соопшти УНИЦЕФ.
Ослободените деца, 23 момчиња и две девојчиња, се предадени на властите во Борноу, држава која најмногу е погодена од судирите.
– Овие деца се одземени од нивните семејства и заедница, лишени од детство, образование, здравствена заштита и шанса да пораснат во безбедно и добро опкружување, рече в.д.претставничката на УНИЦЕФ за Нигерија, Пернил Ајронсајд.
На децата ќе им се овозможи пристап до медицинска поддршка, образование и обука, се наведува во соопштението на УНИЦЕФ.
Во судирите на владините сили со исламистичката група Боко Харам во Нигерија загинаа повеќе од 30.000 луѓе во изминатите 10 години.
Не е познато колку деца биле вовлечени во вооружени групи, вклучувајќи го и Боко Харам, ниту како биле регрутирани.
Ново на Сител
-

Захарова: Може да се забележи бавен, но постојан напредок во преговорите со САД
-

ТИТАН Усје тврди дека работи законски
-

Ким Џонг Ун посети градилиште за подморници на нуклеарен погон
-

Ѓорѓиевски: Без ниту еден глас против донесен Буџетот на Град Скопје, следува преродба на градот
-

Министерството за правда ќе формира работна група за Изборниот законик
-

Николоски: Граѓаните да внимаваат и да купуваат стан кој веќе е изграден, а не во градба
-

Мицкоски: Јавноста да биде спокојна, нема да примаме мигранти, немало никакви разговори
-

Тошковски: Со воведување на проектот „Безбеден град“ намален е бројот на повредени од сообраќајки
