Родените во октомври доживуваат стота
За бебињата кои се родени и ќе се родат во текот на овој месец, октомври може да значи и долговечност – барем тоа го покажуваат резултатите на едно истражување.
Научници од Универзитетот во Чикаго ги споредиле податоците за луѓе родени помеѓу 1880 и 1895 година кои живееле 100 години или повеќе со податоците на нивните браќа и сестри или партнери. Истражувањето открило дека луѓето родени во октомври најчесто доживувале да го прослават 100-от роденден. Луѓето родени во септември или ноември, исто така, имале повисоки шанси за подолг живот. Од друга страна пак, имало 40% помалку стогодишници кои биле родени во март, мај или јули во споредба со останатите месеци.
Оваа теорија е потврдена и од друго истражување спроведено на луѓе родени на северната хемисфера од Земјата кое вели дека бебињата родени наесен живеат подолго од пролетните бебиња.
Зошто родените во октомври живеат подолго?
Според една теорија, овие бебиња се поотпорни на сезонски болести бидејќи не биле родени на екстремно високи, ниту екстремно ниски температури. Оваа отпорност може да влијае на здравјето, а со тоа и на долговечноста на личноста.
Што влијае на долговечноста?
Постојат многу фактори кои може да влијаат на должината на животот. Навиките во исхраната, нивото на физичката активност и одбегнувањето штетни навики, како пушењето, се само некои работи кои придонесуваат за долговечноста. Па, доколку не сте родени во октомври, можеби е време да започнете да живеете поздраво.
Ново на Сител
-
Москва го прошири списокот на претставници од ЕУ на кои им е забранет влез во Русија како одговор на новите санкции
-
Путин и Лукашенко ја осудија политиката на НАТО и ЕУ
-
Зеленски: Русија го одолговлекува процесот за прекин на огнот
-
Путин: Ние сме за примирје, но прво треба да се одговори на многу прашања
-
„Д Фестивал“ годинава ќе се одржи во Штип
-
Шумската полиција фати голема група дрвокрадци во штипско
-
ЈКП Гази Баба пријави загадување на водата во Булачани
-
Уапсен 37 годишен скопјанец, физички ја нападнал поранешната партнерка и нејзините три ќерки