Османи: Оптимист сум, но имам голема резерва поради Франција

Неизвесно ќе биде до крај, вели вицепремиерот задолжен за европски прашања Бујар Османи во пресрет на претстојниот Самиот на шефовите на држави на 17-18 октомври во Брисел, каде нашата држава очекува датум за старт на преговорите со Европската Унија.
-Повеќето од земјите го искажале ставот дека ќе поддржат датум, особено за Република Северна Македонија, вклучувајќи ја и Холандија. Меѓутоа, очекуваме Франција да донесе одлука. Се уште немаме став од Франција, имаме различни позиции на Франција и дилеми во однос на воведување на новата методологија за преговори и кога таа би се вовела, дали пред или после започнување на преговори, така да, оптимист сум но сепак со голема резерва поради неизвесноста што ја наметнува оваа недефинираност на позицијата на Франција до последен момент, вели Османи за Детектор.
Коментирајќи ги очекувањата на граѓаните Османи вели дека ја разбира нивната резервираност поради лошото искуство кога станува збор за очекувањата за старт на преговорите.
-Ние долго време го одиме овој пат и многу пати сме биле фрустрирани. Ние имаме 10 препораки по ред од Европската Комисија за започнување на преговори кои што Советот ги одбива, до сега поради грчкото вето, од јуни поради други причини. Ова е една од одлуките на ЕУ која што бара консензуално одлучување, односно една земја да покаже резервираност, процесот не може да оди понатаму, вели вицепремиерот Бујар Османи.
Ново на Сител
-

Шест полицајци ќе бидат суспензирани за случајот со претепаните момчиња
-

Уапсен Босанец, кај Катланово возел 164 км/ч на место каде што дозволено е 80
-

Осомничените се обиделе да прегазат полицајци и одзеле пиштол, синдикатот реагира на политизација на случајот
-

Мицкоски: Македонија е поголема од секоја политичка генерација, целта е посилна татковина
-

Мицкоски: Овој 11 Октомври нека не биде само ден на сеќавање, зашто слободата е дело што секоја генерација мора да го продолжи
-

Сиљановска-Давкова: 11 Октомври е аманет дека слобода се добива со храброст, а држава се гради со труд, чест и одговорност
-

Македонија го празнува 11 Октомври - 85 години од народното востание
-

Почнува примената на системот „Безбеден град“ во Охрид, Струга, Кичево и Дебар
