Онлајн-платформа за иницијативи од бизнисот во Министерството за финансии

Министерството за финансии креираше онлајн-платформа преку која стопанските комори, фирмите и други правни субјекти и организации ќе можат да даваат предлози за решавање проблеми со кои се соочуваат, а се во надлежност на Министерството.
Ова, како што наведуваат во соопштение од Министерството за финансии, е реализација на ветувањето на министерката Нина Ангеловска што минатата недела им го даде на компаниите на средбата во Стопанската комора и е во насока на побрзо решавање на предизвиците со кои се соочува бизнисот и подобрување на бизнис окружувањето.
– Вашите барања може да ги преточите во онлајн-платформа, а Министерството за финансии детално да ги разгледа, да ги доработи и да излезе со конкретен одговор кога и како би можело да се реализираат. Владата мора да биде партнер на реалниот сектор ако сакаме да расте економијата, затоа што тој ги знае проблемите, а нашата задача и моја лична заложба ќе биде да му се олесни патот на реалниот сектор, им рече Ангеловска на средбата во Стопанската комора.
– Министерството за финансии, со цел да обезбеди ефикасен и унифициран пристап во јавно-приватниот дијалог со компаниите, го искористи прашалникот креиран во рамки на проектот на УСАИД – Партнерство за подобра бизнис регулатива, чиј дел се четирите стопански комори, стои во соопштението.
Во онлајн-платформата компанијата-предлагач на иницијатива, освен идентификација на проблемот и кус опис на моменталните околности, внесува и за кој сектор се однесува, како проблемот влијае врз конкурентноста, работењето и правната усогласеност на компаниите, какви се негативните финансиски импликации од него, со кои прописи е регулиран и кои државни институции се вклучени во негово решавање. Во онлајн-платформата, компаниите треба да внесат и како проблемот е регулиран во други држави, како неговото решавање ќе ја подобри конкурентноста на компаниите и кои други квалитативни и квантитативни резултати ќе ги има, какви ќе бидат неговите фискални импликации и кои се предлог-решенијата на конкретниот проблем.
Онлајн-платформата е достапна на веб страната на Министерството за финансии.
– Министерството за финансии останува отворено за сите предлози кои доаѓаат од бизнис секторот да ги дискутира заеднички на состаноци, кои ќе ги остварува со приватниот сектор со редовна динамика, наведуваат во соопштението.
Ново на Сител
-

Официјално: Искра Хаџи Василева победи на денешните избори
-

Најмалку 64 мртви и повеќе од 179 повредени во судирот меѓу двата воза во Шпанија
-

Во двата воза што се судрија во Шпанија имало над 544 патници
-

580.000 евра од Германија легнале на сметка на 71-годишна жена од радовишко – со парите синот градел бесправно и купувал имот
-

Мицкоски му честитал на Срдановиќ за изборната победа, очекува продлабочување на економската соработка со Србија
-

Стојна не се откажува од наплатата за Куклица – се заканувала на посетители, па полицијата ја привела
-

Охрид: Египќанец украл телефон и пари од гости во хостелот каде што престојувал
-

35-годишна жена нападнала полицаец во Куманово
