-->
-->
Американски трупи влегоа од Сирија во Ирак
-->

Американски трупи влегоа од Сирија во Ирак преку граничниот премин Сахела во провинцијата Дохук, наведуваат очевидци.
На снимките се забележува како повеќе од 100 оклопни возила превезуваат војници во Ирак, повлекувајќи се од Сирија.
Безбедносни извори на ирачките Курди истакнуваат дека американската војска влегла во полуавтономниот курдски регион во Ирак.
Границата ја преминале околу 30 приколки и возила „хамер“ кои превезуваат тешка воена опрема, додава изворот.
Американскиот министер за одбрана Марк Еспер изјави во саботата дека сите војници, околу 1.000, ќе бидат префрлени во западниот дел на Ирак, со цел да ја продолжат борбата против ИД и да „помогнат во одбраната на Ирак“
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Мицкоски: Салата „Работнички“ во Центар добива целосно нов лик и функционалност
-

Ботокс и трендови: Го бришеме ли карактерот? | Бобан Груевски | Sitel Podcast 135
-

Трамп најави царини од 10 проценти за осум европски земји поради Гренланд
-

Општина Аеродром: Осуда за вандализмот во паркот „Бановина“, случајот пријавен во полиција
-

ЕСМ: Нормализирана испораката на парно за најголем дел од потрошувачите
-

Половина Скопје без парно
-

Хамнеи: Трамп е виновен за жртвите и штетите во Иран
-

Фатен бегалец од Затвор „Идризово“ и вратен во затворот
